Метропол - почеток на приказната

Метропол - почеток на приказната

Припреми на терасите и парковите

Припреми на терасите и парковите

Метропол - затворен базен 1987

Метропол - затворен базен 1987



За Нас

Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Приказна за Хотелскиот Комплекс Метропол

                                                                                               

Се е во искуството ...

Хотел Метропол започна со работа 1975 година (целосно реновиран во 2004).Започна како сон, поткрепен со алтруизам и бизнис предчувство.. Нашиот прв имот - Хотел Метропол , беше првиот наменски изграден луксузен хотел во Р.Македонија и еден од првите изградени во регионот. Нов сегмент на туристичката индустрија беше роден.

Хотел Белви 1989.(комплетно реновиран 2007) и хотел Турист - 1986 беа дизајнирани и изградени , секогаш со потребите на гостите пред се, секогаш со желба да ја подобриме и поддржиме природната убавина на земјиштето на кои се изградени. Хотелите за брзо време постигнаја голема репутација за исклучителниот дизајн и професионалниот персонал.Брзо потоа следуваа награди и призананија со што регионалниот туризам се подигна на едно ново ниво.
Целиот имот е обиколен од градини и борова шума кои допридонесуваат за уникатното искуство. Уметничките слики поставени низ трите хотели ја покажуваат љубовта и знаењето на Метропол за убави и декоративни уметнички дела.Сите тие придонесуваат за чиство на елеганција и луксуз. Сите хотели се изградени да ја поддржуваат својата околина.

Сопствениците на Хотелски Комплекс Метропол , создадоја иконски недвижнини кои се препознатливи како лидери во сопствената индустрија. Станавме седиштето на Македонските корпоративни настани, седиште на најубавите и најгламурозни свадби, романтични вечери и продуктивни конференции.

Ние веруваме дека за сето тоа допридонесува искуството. 
Соништата се за да се сонуваат и да се исполнат.