Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Кариера

Прозорец во нашиот свет

Кога ќе се одличите да започнете кариера со Метропол Езерски Комплекс, вие сте во одлична компанија . И покрај се, 120 извондредни вработени мора да знаат нешто.Тоа што знаат е дека Метропол Езерски комплекс со своите хотели е едно од најдобрите места во кои можете да работите, знаат дека се грижиме за своите вработени.
Метропол езерски комплекс е место каде што луѓето го сакаат тоа што го работат и место каде ги респектираат своите колеги.

Без разлика дали дирекно учествувате во креирањето на ултимативно искуство за гостите во еден од нашите хотели или градите кариера во некоја од многуте работни дисциплини, кариерата во нашите хотели е уникатна. Започнете да истражувате и ќе сватите на што мислиме.

Вработени

Погледот на вработените кон нашиот свет:

Еве се најважните причини зошто нашите вработени сакаат да работат во нашите хотели :

  • одлично место за работа
  • забавно место за работа
  • луѓето се грижат и помагаат меѓусебе
  • менаџментот се грижи за вас и вашиот морал
  • можете да сретнете луѓе и искуства од целиот свет
  • организациска стабилност
  • развој и идни можности за напреднување во кариерата
  • фокусираност кон заедницата

Тимските играчи се срцето на Езерски Комплекс Метропол. Бараме индивидуалци кои се спремни да им овозможат на нашите гости извондредна 4* услуга и повеќе од тоа.
Инвестираме во обука и развој на сите вклучени во тимот , со што сите имаат можност да се надградат и како индивидуи.
Ја нудиме можноста сите членови на тимот да го достигнат својот потенцијал како професионалци.
Во Езерски Комплекс Метропол, се трудиме да создадеме атмосфера која ќе на направи работата интересна, предизвикувачка  и забавна.

ЗАБЕЛЕШКА: Според одлуките на менаџментот, само квалификуваните кандидати можат да бидат контактирани за интервју. Ги разгледуваме CV-ата пратени само за работни места за кои сме активирале оглас.

Вашите CV-а можете да ги праќате на овој е-маил.