Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Хотел Метропол

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели.
Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2004 г.

Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

1. Сместувачки капацитети

Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 спрата со следниве содржини:

  • 110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет;
  • 4 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 резидент-апартман (2 спални и дневна соба);
  • 1 делукс-апартман (спална и дневна).

Сите апартмани се климатизирани и луксузно опремени, како и другите соби во хотелот. Има посебна просторија за "собна услуга" на секој спрат.

Сместувачкиот дел покрива површина од 6.610 м2.

Во сите затворени простории во објектот постои одличен систем за против пожарна заштита, систем за откривање на пожар, како и хидрантен систем и опрема за противпожарна заштита.

2. Приземје

На десната страна од влезот се наоѓа комплетно опремена и организирана рецепција.

  • Приземјето покрива површина од 420 м2 и е добро опремено, пространо и функционално;
  • Аперитив барот ги нуди сите видови на алкохолни и безалкохолни пијалаци;
  • Два лифта за гости;
  • Бизнис-сала за состаноци со површина од 144 м2;
  • Банкетна сала со површина од 80 м2;
  • Зелена сала со површина од 121 м2;
  • Ресторан со површина од 800 м2;
  • Добро опремена кујна со капацитет за 600 оброци;
  • Пространа отворена тераса со воодушевувачки поглед на езерото со површина од 800 м2.

3. Мезанин - 1

Мезанинот се состои од:

  • Конгресна сала со капацитет од 360 седишта и површина од 500 м2;
  • Самоил-сала со капацитет од 80 седишта и површина од 110 м2;
  • Канео-сала со капацитет од 40 седишта и површина од 70 м2;
  • Охрид-сала со капацитет од 50 седишта и површина од 84 м2;
  • Билијард-сала со површина од 50 м2;
  • Фитнес-сала со 2 сауни опремена со туш-кабини и сите потребни додатни услуги.

На истото ниво, само со влез од надворешна сала има:

  • Национален ресторан со 60 седишта и површина од 110 м2;
  • Кујна за националниот ресторан со површина од 20 м2.

Ниво кое е два спрата пониско од приземјето

Овој дел на хотелот се состои од:

  • Клуб со површина од 120 м2 поделен на два дела;
  • Во првиот дел од клубот има аперитив-бар, додека пак вториот дел е простор со површина од 130 м2.

4. Паркинг

Хотелот има сопствен паркинг-простор за своите гости со капацитет за 100 возила.