Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

IV Конгрес на еколозите од Македонија

IV Конгрес на еколозите од Македонија

Метропол езерски комплекс - Охрид, домаќин на "IV Конгрес на еколозите од Македонија"

Македонското еколошко друштво во соработка со Македонското лимнолошко друштво го организира IV Конгрес на еколозите од Македонија, со цел да се со-гледаат достигнувањата во екологијата во Македонија и другите земји во регионот, како и размена на иску-ства и знаење согласно работните услови на научни-ците и експертите на овој простор, но и јавниот инте-рес за подобра, почиста и поздрава животна средина.
Македонија има потреба од организирање регио-нален конгрес за фундаментална екологија и наука за животна средина за да се овозможи лесна комуника-ција меѓу научните работници на овој простор.
На Конгресот ќе бидат презентирани современи-те научни сознанија на модерната екологија и наука-та за животната средина. Поради тоа научните трудо-ви на IV Конгрес ќе бидат презентирани во различни тематски секции. Секоја секција ќе почнува со вове-дно предавање што ќе биде избрано од пријавените трудови од страна на Научниот одбор. Независно од тоа, ќе бидат организирани пленарни сесии на кои ќе земат учество еминентни еколози од Македонија и други земји, кои ќе ги презентираат достигнувањата на модерната екологија.
INTECOL2013
Македонското еколошко друштво е академски спонзор на меѓународниот еколошки конгрес INTECOL2013 „Екологија – кон претстојните 100 го-дини“, кој ќе се одржи во Лондон, 18-23 август 2013 година, во организација на Британското еколошко друштво.
Програмата на INTECOL2013 ќе вклучува 10 пле-нарни говорници со светско реноме, симпозиуми со присуство на водечки презентери, работилници, се-сии за пристигнатите апстракти и проширени постер сесии. Други главни карактеристики ќе бидат инова-тивните начини за презентирање и пренесување на науката, и програма структурирана на начин кој ќе овозможи запознавање на многу луѓе. INTECOL2013 ќе им понуди на учесниците нови перспективи за ши-рок опфат на еколошки теми и ќе помогне кон созда-вањето на нови партнерства.
Повеќе информации на http://www.intecol2013.org/.