Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Третиот македонски конгрес на Оториноларингологија со меѓународно учество

Третиот македонски конгрес на Оториноларингологија со меѓународно учество

Здружението на лекари по оториноларингологија на Македонија и Универзитетската клиника за оториноларингологија Ве поканува на Третиот македонски конгрес со меѓународно учество, што ќе се одржи во Метропол езерски комплекс - Охрид, Македонија, од 16-19 септември 2012 година.
Учесниците ќе имаат можност за размена на информации за истражувањата и развојот во сите полиња на оториноларингологијата, преку директна интеракција со научници и практичари од оваа сфера, како од земјата така и од странство.
Организаторот го избра езерскиот комлекс Метропол во Охрид за место на одржување на конгресот. Градот е богат со живописни куќи и споменици и е позната туристичка атракција. Охрид е без сомнение скапоцен камен во Република Македонија. Сместен меѓу високите планини од 2800 метри, Охрид се шири на бреговите на Охридското езеро. Покрај историската вредност градот изобилува и со извонредна природна убавина.


Ве очекуваме.


Можете да пронајдете подетални информации на официјалната страна на Конгресот: http://orl2012.mk