Релаксирајте се со масажа

Релаксирајте се со масажа

Опуштете се во сауна

Опуштете се во сауна

Релаксирајте се со масажа

Релаксирајте се со масажа

Релаксирајте се со масажа

Релаксирајте се со масажа

Ве очекуваме ...

Ве очекуваме ...



Масажа

Ревитализирајте го телото и умот со професионална масажа, токму тука во Метропол Езерски Комплекс. Нашата просторија за масажа
стана дестинација не само за нашите гости туку и за локалните жители кои живеат модерен динамичен живот.
Посетете не, откријте го Вашето засолниште од сите стресови кои ги имате во текот на денот.

Massage

 

Изберте од големиот избор традиционални и модерни терапии создадени да ја елиминираат тензијата и да ви дадат енергија.
Сите масажи ги изведуваат обучени професионални тераписти.Услугите за масажа во езерски комплекс Метропол  се достапни за пошироката јавност како и за гостите во другите хотели во Охрид.

Ги нудиме следниве третмани:

  • медицинска масажа
  • релакс парцијална масажа
  • релакс целосна масажа
  • антицелилитна масажа
  • масажа на стопала
  • масажа на лице
  • чоколадна масажа

Повремено нудиме специјални пакети престој/масажа за гостите на нашите хотели, каде ги комбинираме луксузната масажа и релаксирачко ноќевање за одлична цена. Посетете го делот за специјални понуди да видите дали во моментов имаме активен пакет кој ви одговара. Клик тука.

Стимулирајте ги Вашите сетила ..

Сауна

Нашата сауна Ви овозможува севкупно физичко и ментално опуштање. Комбинацијата на телесна перспирација, одмор и рапидно ладење ја стимулира цирклулацијата, ја редуцира мускулната и психолошката тензичност и ја разбиструва когнитивната свесност.

Плус, ќе уживате во релаксирачки сон, кој за повеќете луѓе  во денешниот брз стил на живот е нешто што ретко се доживува.

Еве и некои други бенефиции кои ги имате во нашата сауна:

  • Овозможува кардиоваскуларни вежби кои ја помагаат добрата состојба на срцето,
  • Бројот на отчукувања на срцето се зголемува кога телото е изложено на висока температура,како последница на тоа се подобрува вкупната циркулација во Вашето тело.
  • Ги омекнува и релаксира напнатите мускули: Сауната е исто така одлична пред/после вежбање како една добра релаксација
  • влијае добро за синусите
  • помага за ослободување од болки во нозете и мускулите
  • ја намалува болката од сончеви изгореници.
  • Помага при губењето на телесната тежина: Кога ќе се искомбинира со здрава диета и редовно вежбање, сауната може да Ви помогне да согорите  и до 300 калории при секоја сесија, што пак е еднакво на трчање 5-6 километри.
  • Ја прочистува Вашата кожа: Со отварањето на порите во Вашата кожа преку пота излегуваат отровните токсини, сауната ќе ве прочисти и разубави со што ќе предизвика уште помлад севкупен изглед на Вашата кожа.

Сауната Ви предизвикува одлично чувство на Вашето тело после само една сесија,ова чуство неможе да го замени ни една када.