Плажа

Метропол Езерски Комплекс Ви ја нуди возбудата на плажата "Метропол" преку погледот од Вашата соба на една од најпопуларните фамилијарни плажи во Македонија со должина од 600 метри крјбрежје. Нашата приватна плажа е опремена со бесплатни лежалки за нашите хотелски гости, три бара со свежа храна и освежителни пијалоци, детско игралиште, игралиште за одбојка итн. Плажата за време на летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.
Поседуваме приватно пристаниште  на кое што можите да дојдите со вашата јахта или пак можете да започнете авантура на некој од туристичките бродови кои ќе Ве водат на крстарење по крајбрежјето или до познатата туристичка дестинација - црквата Св. Наум. 
Исто така ви нудиме различна опционална забава на вода како изнајмување скутери за вода, педалинки, можеме да Ви организираме нуркање итн.

Посетете не и сами ќе се уверите во уникатноста на плажата која ја поседува нашиот хотелски комплекс.