Отпочнува постапката за прогласување на Охрид и Преспа за биосферен резерват под УНЕСКО

Отпочнува постапката за прогласување на Охрид и Преспа за биосферен резерват под УНЕСКО

Градоначалниците од регионот од Македонија, Албанија и Грција, денеска во Корча, Албанија, ќе потпишат Декларација за прогласување на Охрид и Преспа за биосферен резерват под УНЕСКО.

Иницијативата е поддржана од Билатералниот Секретаријат за заштита на.Охридското Езеро и неговиот слив, од каде информираат дека зад процесот ќе застанат и трите држави. По тој повод на 2 октомври, исто така во Албанија, министрите за заштита на животната средина од Македонија, Албанија и Грција ќе ја потпишат Декларацијата за прогласување на Охрид- Преспа за биосферен резерват под УНЕСКО.