11 Меѓународна кајак-кану регата на мирни води "Охрид 2012"

11 Меѓународна кајак-кану регата на мирни води "Охрид 2012"

Кајак кану клубот и мотонаутика на мирни води "Стрмец" од Охрид организира 11 Меѓународна кајак-кану регата на мирни води "Охрид 2012год" (Спринт).

Регатата ќе се одржува од 06 до 09 Септември 2012 година во Охрид, додека финалниот натпреварот на регатата е на  08.Септември.2012, на Денот на независноста на Р.Македонија, со почеток во 09 часот.
Натпреварите ќе се одржуваат на крајбрежјето на градот, при што ќе можат да се следат од градското шеталиште.