Јавен повик за Вонредно собрание

Врз основа на член 383, 385 и 387 од Законот за трговски друштва, а во врска со член 22 од Статутот на “Хотели –Метропол” АД –Охрид, Одборот на директори


ОБЈАВУВА

ПОВИК
до Акционерите за учество на Вонредно Собрание на “Хотели –Метропол” АД –Охрид

Собранието ќе се одржи на ден 04.08.2017 година, со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Друштвото (бизнис сала) населба Долно Коњско бб Охрид.

За работа на седницата на Собранието се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

I.Процедурален дел

- Избор на Претседавач на Собранието
- Избор на записничар (во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот го води нотар)
- Избор на бројач на гласови.

II. Работен дел

1.Донесување Одлука за констатирање на оставка и избор на неизвршен –независен член на Одборот на директори;

Вкупниот број акции во “Хотели –Метропол” АД –Охрид се 1.035.000 акции, при што:
- вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 1.019.941.

Согласно член 383 став 3 од ЗТД, Записникот го води нотар.

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собрание), најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите се доставуваат до “Хотели –Метропол” АД –Охрид, нас.Долно Коњско б.б., Охрид.

Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма (без обврска да го завери полномошното на нотар). Акционерот треба веднаш, по писмен пат, да го информира Друштвото за назначување свој полномошник на Собранието, преку Архивата на друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно, ќе се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничување или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дeка кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање по точките на дневен ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.
Обрасците за гласање преку полномошник се достапни за преземање на веб-страницата на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.
Гласањето на точките од дневниот ред ќе се врши на начин во соголасност со Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.
Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвотo. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку веб –страницата на Друштвото.
Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации во согласност со Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб-адреса на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk.


ОД.бр. 02- 409/2
30.06.2017 година

Одбор на директори
Претседател

ПРЕДЛОГ ЛИСТА ЗА ИЗБОР НА НЕИЗВРШЕН-НЕЗАВИСЕН ЧЛЕН И ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕДЛОЖЕНО ЛИЦЕ

Резултати од гласање на Вонредно собрание