Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Хотел Белви

Хотелот "Белви" е отворен во 1989 година, со спроведено комплетно реновирање во 2007 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвездички. Хотелот се состои од пет спрата со мезанин, приземје, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

1. Сместувачкиот капацитет се состои од пет спрата и мезанин со следните содржини:

  • 170 двокреветни соби со опција за додавање трет дополнителен кревет;
  • 3 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 делукс-апартман (спална и дневна соба).

Сите апартмани се комплетно и луксузно опремени.

  • Има посебна просторија за персоналот и за "собна услуга" за секој спрат;
  • Сместувачкиот дел покрива површина од 6.000 м2;
  • Постои систем за откривање  пожар;
  • Хотелот е опремен со хидрантен систем, и опрема за заштита од пожари.

2. Приземје

На левата страна од влезот се наоѓа комплетно опремена и организирана рецепција(рецепција, консиерж - инфо-биро, менувачница).

Приземјето се состои од:

  • Аперитив-бар;
  • Пространо и интимно место со површина од 510 м2;
  • Мала кујна за појадок со капацитет од 140 оброци;
  • Пространа отворена тераса со воодушевувачки поглед кон езерото со површина од 450 м2.

3. Подземен спрат

Делот на подземниот спрат се состои од:

  • Сала за појадок со капацитет од 120 седишта и простор од 264 м2;
  • Галерија-бар со капацитет од 60 седишта и површина од 192 м2;
  • Ресторан со капацитет од 220 седишта и простор од 640 м2;
  • Отворена тераса пред ресторанот со површина од 450 м2;
  • Добро опремена кујна со капацитет од 400 оброци;
  • Пекарница - сосема доволна за да ги задоволи потребите на 1000 гости за леб и бели печива;
  • Електрична централа;
  • Терминал за природен гас;
  • Работилница на персоналот за оддржување.

4. Подрум:

  • Ноќен клуб "Табу" со површина од 800 м2 и капацитет од 1200 гости;
  • Две продавници (простор) за бутици;
  • Билијард-сала;
  • Шанк покрај базенот.

Пред хотелот од страната на езерото на ниво на подрумот има:

  • Еден надворешен базен за деца;
  • Еден надворешен базен за возрасни (Двата базена се надгледувани и одржувани преку целиот ден. Тие се во одлична состојба и функција, опремени со сите неопходни работи за плажа - чадори за сонце, лежалки за плажа...);
  • Два терена за тенис за спорт и рекреација на гостите.

5. Паркинг простор

Хотелот има свој сопствен простор за своите гости со капацитет од 120 возила. 

6. Плажа

Езерскиот комплекс Метропол- Охрид има сопствена плажа долга 800 метри. Плажата е добро организирана и уредена според законските регулативи, надополнета со спасувачка служба.

Плажата се состои од:

  • Пристаниште;
  • Два бара на плажата;
  • Два тоалета;
  • Кабини за пресоблекување.