Анкета

Дали ви се допаѓа хотелот?


Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Ресторанти и барови

Вашето задоволство е наша единствена цел. Овде, во нашите ресторани, може да вкусите нови и различни видови  вкусови коишто ќе ги вклучат вашите сетила. Имаме за секого по нешто. За оние кои се љубители на традиционалното или едноставно сакаат да го пробаат нашиот начин на готвење, кој го нудиме како "А ла карт"(a la carte) во двата наши интернационални ресторани и во "Метропол" и во "Белви".

Со нивната топла атмосфера и воодушевувачкиот поглед на езерото секој пат можете да имате целосно ново искуство. Исто така, тука е и салата за појадок каде што се служи "шведска маса" со само една цел - задоволување на сите ваши потреби. Или можеби не сте вообичаен тип, сте искусиле се но сепак сакате да можете да вкусите италијански тестенини. Па не очајувајте го имаме и тоа задоволство за вас. Не ви требаат повеќе објаснувања, туку само желба која доаѓа од дното на вашиот стомак.

Можеби би сакале да уживате и да вкусите сосема нов начин на живеење. Нашиот галери-бар ви ја дава таа единствена можност. Стилски, комфорен, уреден со софистициран вкус, овој бар се истакнува како едно од најдобрите нешта кои му се случиле на овој град. Не се двоумете се, пробајте !

Исто така, постојат и разни видови  барови во нашиот комлекс - затворени, како и отворени барови на плажата. На ваше располагање имаме секакви видови  алкохолни и безалкохолни пијалаци како и разни видови на апетисани.

Доколку не се најдовте себеси во ниедно од овие набројувања секогаш може да го посетите најсофистицираното нешто кај нас, дискотеката "Табу" (Taboo), која е врв на модерната технологија во светлосните ефекти. Таму можете да го очекувате и неочекуваното и да влезете во еден нов свет без табуа.

Уживајте во вечерите во нашите расторани со романтичен поглед на зајдисонцето од нив. Ве очекуваме со тајните ароми, вкусови и мириси на автентичната локална кујна. Јадењето е секогаш незаборавно искуство во нашиот комплекс со богат  избор од нашата македонска кујна, како и на интернационална храна.