Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Симпозиум за примена на еколошки прифатливи мерки и техники за заштита на растенијата

Симпозиум за примена на еколошки прифатливи мерки и техники за заштита на растенијата

ХХХVIII Советување за заштита на растенијата и Симпозиум за примена на еколошки прифатливи мерки и техники за заштита на растенијата

 

Охрид, 25-26 октомври, 2016 г

 

Организатор

Здружение за заштита на растенијата на Р. Македонија

 

Покровител

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

на Република Македонија

 




 

Почитувани колеги,

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на ХХХVIII Советување за заштита на растенијата и на Симпозиумот за примена на еколошки прифатливи мерки и техники за заштита на растенијата, кој ќе се одржи на  25-26 октомври, 2016 година во Охрид, хотел Метропол, во организација на Здружението за заштита на растенијата на Р. Македонија.

Советувањето и Симпозиумут вклучуваат пленарни и постер секции.

 

Теми:

-          Ентомологија и зоологија

-          Фитопатологија

-          Хербологија

-          Интегрална заштита на растенијата

-          Заштита на растенијата во органско производство

-          Фитофармација

-          Токсикологија и екотоксикологија

-          Заштита на шумите

-          Методи за биолошко сузбивање на растителните штетници и патогени

 

Поважни датуми:

-          Поднесување на абстракти: 15.09.2016

-          Известување за прифатените абстракти: 01.10.2016

-          Пристигнување и сместување: 24-25.10.2016

-          Регистрација, орални и пленарни секции: 25-26.10.2016

-          Затворање на советувањето и гала вечера: 26.10.2016
 

УПАТСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА АБСТРАКТИ


Абстрактите треба да се подготват на македонски или англиски јазик во согласност со инструкциите за подготовка на абстракти.

НАСЛОВ: Arial Narrow, задебелено, големина на фонт 12, со големи букви, централно
поставено. Насловот треба да биде максимум во 2 реда.

АВТОР(И): Фонт Arial Narrow, големина на фонт 12, централно поставено. Прво се наведува
името на авторот, а потоа презимето со големи букви. Авторот за кореспонденција треба да биде обележан со ѕвезда.

ИНСТИТУЦИЈА и КОНТАКТИ: Фонт Arial Narrow, големина на фонт 12, централно поставено.
ТЕКСТ ЗА АПСТРАКТОТ: Фонт Arial Narrow, големина на фонт 12, двострано порамнување, со
проред 1 ред. Должината на апстрактот не смее да надмине повеќе од 250 зборови.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Фонт Arial Narrow, големина на фонт 12, лево порамнување, најмногу 5
клучни зборови.

АПСТРАКТОТ за учество на научниот собир треба да биде доставен на е-маил адреса:

XXXVIIIPlantProtectionMeeting@gmail.com

НАЧИН НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРУДОВИТЕ

Авторите треба во пријавата да го предложат начинот на презентација на трудот (усно или постер).

Презентациите требе да бидат припремени на англиски јазик, а усното излагање може да биде на англиски или македонски јазик.

Постерот треба да биде со димензии 60Х90 см. Треба да биде припремен на англиски.

 
ПРИЈАВУВАЊЕ И КОТИЗАЦИЈА

Пријавувањето за учество се прави со пополнување на ФОРМУЛАР за учество  или преку
доставување на апстракт. ФОРМУЛАР за учество на Научниот собир може да
се преземе доколку кликнетеТУКА.

Истиот треба да биде пополнет и доставен на е-маил адресa: XXXVIIIPlantProtectionMeeting@gmail.com
Секој потенцијален учесник кој ќе го пополни и достави формуларот ќе добие детални
информации за уплата на котизацијата.

Висина на котизација 40 евра во денарска противвредност согласно среден курс на еврото според НБРМ

Со уплатата на котизацијата се стекнува право за учество на ХХХVIII Советување за заштита на растенијата  и Симпозиумот за примена на еколошки прифатливи мерки и техники за заштита, и комплетен материјал за научниот собир.

Котизацијата е задолжителна за учесниците на научниот собир. 

Уплатата на котизацијата може да се изврши и на почетокот на конференцијата и ќе изнесува 50 евра.


Инструкции за плаќање на котизација:

Примател: Здружение за заштита на растенијата на РМ

Жиро сметка 300000000992540

Цел на дознака: Котизација за 38 Советување за заштита на растенијата

Комерцијална банка АД Скопје

 

За сите понатамошни и дополнителни информации, Ве молиме контактирајте на маил, s.bandzo@zeminst.edu.mk или тел. +38975435500


ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ТУКА