Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

VI КОНГРЕС НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА 15-18 јуни 2016 Охрид

VI КОНГРЕС НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА 15-18 јуни 2016 Охрид

VI КОНГРЕС НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА 15 – 18 јуни, 2016  Охрид, Република Македонија

Ова е прва покана за учество на VI Конгрес на математичарите на Македонија, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Конгресот ќе се одржи во периодот од 15 до 18 јуни 2016 година во хотелот Метропол во Охрид.


Toj ќе има интернациона- лен карактер и e отворен за сите области на математиката и нејзините примени. Програмата на Конгресот ќе опфаќа пленарни предавања, кратки соопштенија и постер сесии, коишто ќе бидат организирани во следниве секции:

 

 

 

 

Секција 1
Алгебра, Дискретна математика, Комбинаторика и Tеорија на броеви.

Секција 2
Комплексна анализа, Реална анализа и Функционална анализа.

Секција 3
Диференцијални равенки и Динамички системи.

Секција 4
Топологија, Геометрија, Диференцијална геометрија и Математичка физика.

Секција 5
Веројатност, Сатистика, Нумеричка математика и Oптимизација.

Секција 6
Актуарска математика, Математичко моделирање во економијата, Финансиска математика.
Секција 7
Математички аспекти на компјутерските науки.

Секција 8
Математичко образование и Историја на математиката.

Во текот на Конгресот ќе се одржат два семинара за наставниците во основно и средно образование за што учесниците ќе добијат соодветни сертификати. Темите се:

1. Унапредување на математичкото образование преку комбинаторика.
2. Улогата на елементарната теорија на броеви во работата со математички надарените ученици:
можности и предизвици

 

КОНТАКТ

E-mail: cmm.smm.2016@gmail.com Phone: +389 76 220 414

Организационен одбор на VI конгрес на математичарите на Македонија
Сојуз на математичари на Македонија
Бул. Александар Македонски бб., П. Фах 10, 1130 Скопје, Р. Македонија
E-mail: cmm.smm.2016@gmail.com Тел: +389 76 220 414

Повеќе детали :

VI Congress First Announcement
VI Congress Second Announcement