Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

Четврти Конгрес на Македонското Здружение за Нефрологија, Дијализа, Трансплантација и Вештачки Органи со Интернационално учество.

Четврти Конгрес на Македонското Здружение за Нефрологија, Дијализа, Трансплантација и Вештачки Органи со Интернационално учество.

Од името на Организацискиот Комитет:


Драги пријатели и колеги,

Во името на Македонското Друштво на Нефрологија, Дијализа, Трансплантација и Вештачки органи, чест ни е и задоволство да Ве поканиме на Четвртиот Конгрес во Охрид, Р. Македонија. Конгресот ќе се одржи во Хотел и Езерски Комплекс Метропол - Белви од 21 - 24 Јуни, 2012.
Овој конгрес ќе биде поддржан од ERA - EDTA (European Renal Association-Eu-
ropean Dialysis and Transplant Association) преку инкорпорирање на CME Курс за "Унапредување на донацијата на органи и трансплантацијата - современа медицинска практика" на 23 Јуни, 2012 како и неколку тркалезни маси на многу интересни теми од Нефрологијата, организирани во соработка со European
Renal Best Practice (ERBP) group.
Practice (ERBP) group и Организациониот и Научниот Комитет на Конгресот се посветени на создавање на тридневен академски настан, преку кој ќе ги презентираат новитетите на границите на Нефролошката пракса и последните напредувања во дијагнозата и третманот.
Приоритет во текот на Конгресот ќе му биде даден на проблемот на слабо развиената трансплантација на органи на Балканот. Трансплантацијата како универзално човечко право за најдобар можен третман на хроничните болести на бубрезите треба да биде рамномерно распространета низ светот. Меѓутоа новонастанатите проблеми на економска заостанатост на земјите во развој, скромната потрошувачка на здравствена нега, недостатокот на соодветна легислатива, јавна свест, едукација и мотивација за донацијата и трансплантација на органи може дополонително да се земат како фактори за недостатокот на трансплантациски програм.
Ќе се обидеме да дискутираме и прифатиме позитивни искуства од експертите од земјите кои веќе станале успешни за да обезбедиме најдобар резултат за нашите пациенти.

Градот Охрид и Охридското Езеро се големо туристичко прибежиште во Македонија. Античкиот Лихнидос датира наназад до 3 от век п.н.е. Охрид како лулка на Христијанството има 365 цркви, по една за секој ден од годината и е нарекуван Балканскиот Ерусалим. Во 9 от век Климент и Наум, учениците на првите Словенски учители Кирил и Методиј, кои го основале првиот Словенски Универзитет во Охрид. Денес постојат бројни археолошки локалитети кои чекаат да бидат видени. Градот Охрид и прекрасното Езеро се под заштита на УНЕСКО.

Организацискиот Комитет ќе проба да обезбеди можности за учење од експертите како и да ги покани сите колеги од регионот активно да земат учество и да споделат од своето клиничко искуство и истражувања преку отстапување на својата работа за презентирање, орално и преку постирање за време на Конгресот.
Со нетрпение Ве очекуваме сите во Охрид за овој научен и социјален настан во Јуни 2012!!!


Искрено Ваши,

Од името на Организацискиот Комитет, Проф. Д-р Гоце Спасовски
Претседател на Конгресот
Претседател на MSNDTAO

Проф. Д-р Оливера Стојчева - Танева

Проф. Д-р Момир Поленаковиќ
Заменик Претседател на Конгресот
Почесен Претседател на Конгресот
Секретар на MSNDTAO
Почесен Претседател на MSNDTAO.