Отварање на Фестивалот Охридско лето 2014

Отварање на Фестивалот Охридско лето 2014

Најголемата културна манифестација во државата секоја година се одржува во период од 12/Јули до 20/Август.
На отворањето на Фестивалот годинава ќе настапат светски признатите уметници:

Барбара Фритоли се вбројува меѓу водечките светски сопранa, остварувајќи врвни креации во оперите на Верди, Моцарт, Пучини, Гуно...


Лео Нучи со своето повеќегодишно дејствување на оперските и концертните подиуми оствари извонредна кариера проследена со забележителни настапи и соработка со врвни уметници од современиот свет...


Луис Горелик на многу млада возраст се етаблира како еден од водечките музички дејци во Латинска Америка, а својата диригентска кариера почна да ја гради со оркестрите во Чиле и Израел, а продолжи  на студиите на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим...


Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година, непосредно по ослободувањето на Скопје. Основачи и први диригенти на оркестарот се истакнатите македонски музички дејци Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев...



Повеќе детали за Фестивалот можете да најдете на: http://www.ohridskoleto.com.mk/index.php?lang=mk