KОНЦЕРТ НА ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ - ОХРИД

KОНЦЕРТ НА ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ - ОХРИД

КОНЦЕРТ НА ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ПРЕД ВОДИЦИ
Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар “Билјанини извори“ во петок на 17-ти јануари, започнува прославата на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој годинава е еден од кумовите на манифестацијата, денес изјави дека подготовките за случувањето се при крај .

На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи Културно Уметничкото Друштво “Танец“ или хорот “Св. Злата Мегленска“. На 18-ти и 19 јануари предвидена е богата програма во која е предвиден настап на познати охридски тајфи. Се надевам дека понудената програма ќе биде привлечна за гостите, домашните и странски кои годинава очекуваме да бидат најбројни- рече градоначалникот Бакрачески.

Од Општина Охрид, годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление –Водици, празничната програма ја распределија на повеќе денови од 17-ти до 20-ти јануари.