Заобиколи го езерото - почитувај го езерото

Заобиколи го езерото - почитувај го езерото

На велосипеди, преку граница и пак во Охрид.

Денеска во Охрид ќе се одржи велосипедска трка, како последна активност за одбележување на Денот на Охридското Езеро - 21 јуни.

Трката која ќе стартува од Машка плажа во Струга ќе се движи околу Охридското Езеро, низ трите града, Струга, Поградец и Охрид , под слоганот „Заобиколи го езерото-почитувај го езерото“, а професионалните велосипедисти ќе можат да ги поминат границите без контрола.